Металург уште еднаш го совлада Е.Пелистер 2 и е на чекор од завршницата во Купот

31.03.2021 19:44
DAR_4102_resize

Металург е на добар пат дефинитивно да ја надмине резултатската криза. Денеска, во рамките на четврт-финалната група во Купот на Македонија, втор пат за само четири дена, го совладавме тимот на Еурофарм Пелистер 2, овој пат со резултат 26:29 (15:12).

За разлика од средбата во Автокоманда, денеска вториот тим на Еурофарм Пелистер пружи многу посериозен отпор. Всушност, домаќинот беше подобар од нас во првото полувреме и во најголемиот дел имаше предност од еден до три гола. Токму со толкава негатива и завршија првите 30 минути, 15:12.

Резултатска предност имаа битолчаните и во првата половина од вториот дел, но, веќе се чувствуваше дека Металург го менува начинот на игра и со засилена одбрана постепено ја презеде иницијативата. Во 46. минута Металург конечно прејде во водството, 20:21, и не го испушти до самиот крај. Имаа нашите ракометари и максимални 4 голови разлика, а конечниот резултат е 26:29 во наша полза.

Веќе утре ќе го одиграме натпреварот со екипата на Работнички, а победникот од таа средба ќе настапи на фајналфор-турнирот во Купот на Македонија.

Исто така, во рамките на 4. коло од плејофот на македонската Суперлига, на 8 април Металург ќе и гостува на екипата на Охрид.

.

Еурофарм Пелистер 2 – Металург  26:29 (15:12)

Еурофарм Пелистер 2: Ивановски, Ј. Талевски 2, Пав. Атанасијевиќ 3, В Димитровски, Митревски 1, Мирчески, Петровиќ 8, Андонов, И. Димитровски 2, С. Талевски 3, Стоилевски 5, Пет. Атанасијевиќ, Дрогришки, Блажевски и Арсеновски 2.     Седмерци: 4/3.    Исклучувања: 8 минути

Металург: Дупјачанец 1, Ѓоргоски, Петковски, Поповиќ 5, Кофиловски, Шилегов 1, Хорват 8, Калуѓеровиќ 4, Серафимов 3, Лазаревски 4, Тодески, Митиќ, Рниќ 1, Додиќ 2 и Маркоски.    Седмерци: 1/0.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Прочитано 210 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 13