Металург утре ги почнува подготовките за новата сезона

28.07.2019 10:27
DAR_3744_resize_resize

Металург утре ги почнува подготовките за новата сезона.

Новиот тренер на Металург, Дамир Стојановиќ, првиот собир го закажа со почеток во 18 часот во салата Автокоманда, каде ќе се појави тим со драстично поинаков состав од оној со кој ја завршивме минатата сезона.

Во меѓувреме, клубот го напуштија Томовски (Лудвигсхафен), Даниловски (Охрид), Маџовски (Е.Работник), Димитриоски (Вардар), Шпенде (Загреб), Пучник (Еш), Токиќ (Ајзенах), Миличевиќ (Марибор) и Велковски (Е.Работник).

Затоа, пак, Металург се засили со Лука Вујовиќ (Ловќен), Милан Поповиќ (Пелистер), Реваз Чантурија (Струга), Маријан Мариќ (Зрински), Даниел Ѓорѓески (Пелистер), Иракли Кбилашвили (Одеса) и Дејан Пецаковски (Е.Работник). Исто така, неколку млади ракометари ќе бидат префрлени од Металург 2. Сепак, ростерот за новата сезона не е затворен и можно е Металург дополнително да се засили пред стартот на сезоната.

Познат е и комплетниот план на подготовките за новата сезона:

Неколку дена пред и после Илинден, Металург ќе тренира во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки.

Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири.

Најпрво ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15 до 19 август, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22 до 25 август.

Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда.

Обврски:

Нашите обврски во македонската Суперлига ќе почнат со одигрување на првото коло, кое е планирано на 7/8 септември, но претходно ќе треба да се одигра Суперкупот, за чија дата на одигрување ќе се постигне договор со Вардар.

Нашите, пак, обврски во ЕХФ Купот ќе почнат со стартот на третото квалификациско коло, последно пред групната фаза, а својот противник ќе го дознаеме по ждрепката на 15 октомври.

Прочитано 248 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 6