Металург утре ги стартува подготовките за вториот дел од сезонта

03.01.2019 11:19
GIL_5706_resize_resize

Металург утре ги стартува подготовките за пролетниот дел од сезонта во рамките на која ќе ги доврши натпреварите во СЕХА-лигата и ќе ги започне борбите во националното првенство и во националниот Куп.

Првиот тренинг е закажан со почеток во 9.30 часот, а ќе се тренира во нашата матична сала Автокоманда. Првите два дена се предвидени за тестирања и за воведни тренинзи, а централниот дел од подготовките е француската турнеја, во рамките на која Металург ќе настапи на турнирот во Гренобл, а ќе одигра и три пријателски средби со екипи од најсилната француска лига.

Во Гренобл, Металург ќе настапи на престижниот турнир “Мастер Гренобл“, заедно со домаќинот, со шпанската Бидасоа Ирун, моментално второпласирана во Асобал-лигата, како и со францускиот Истра. Турнирот ќе се одигра на 19 и 20 јануари. Првиот ден ќе се одиграат двете полуфинални средби, а следниот ден натпреварот за третото место и финалето.

По овој турнир, во периодот од 22 до 24 јануари, Металург ќе одигра три пријателски средби на кои ќе ги измери силите со француските екипи Екс Прованс, Ним и Ст. Рафаел.

Првиот официјален натпревар на Металург во 2019 година е закажан на 2 февруари, со почеток во 18 часот, кога во рамките на 14. коло на СЕХА-лигата во Скопје ќе ја дочекаме екипата на ППД Загреб.

Прочитано 228 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 2 =