Металург утре и гостува на екипата на Бутел

14.04.2021 11:47
DAR_4921_resize

Утре, со почеток во 14.30 часот, во салата “Антон Димитров“ во Бутел, ќе се одигра средбата од шестото коло на плејоф-фазата на македонската Суперлига, меѓу екипите на Бутел Скопје и на Металург. Оваа средба, значајна за двете екипи, ќе ја судат Дејан и Димитар Георгиевски, а ќе ја делегира Ацо Николовски, сите од Скопје.

Покрај овој натпревар, во рамките на шестото коло ќе се одиграат и средбите:

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

Вардар – Тинекс Пролет

Струга – Охрид

Металург РА, пак, в недела, 18 април, ќе и гостува на екипата на Аеродром.

Прочитано 98 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 5