Металург утре ќе ги почне подготовките за новата сезона

05.08.2018 16:00
sala 9publika_resize

Металург од утре ќе ги почне подготовките за новата сезона во која повторно ќе води битки на четири фронта: Лигата на шампионите, СЕХА-лигата, првенството на Македонија и во Купот на Македонија.

Првиот собир е закажан во салата Автокоманда, со почеток во 17.30 часот, и тоа ќе биде и првата средба на новиот шеф на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац со тимот со кој ќе располага во следниот период.

Во следните три дена Металург ќе тренира во Скопје, а потоа екипата ќе замине во Маврово, каде традиционално ги минува висинските подготовки.

Во Маврово Металург ќе тренира се до 18 август, а потоа ќе замине во Струга, каде ќе се сретне со екипата на Вардар, во рамките на македонскиот Суперкуп. Овој натпревар е вметнат во програмата на струшкиот меѓународен турнир, а е планиран со почеток во 21 часот.

По средбата со Вардар, Металург ќе се врати во Скопје и ќе ги продолжи подготовките во Автокоманда. Во овој период се возможни и неколку пријателски натпревари.

Нашиот прв официјален натпревар е средбата со екипата на Вардар во рамките на првото коло од новата сезона во СЕХА-лигата, која со првото коло стартува на 28/29 август.

 

Прочитано 116 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 12