МЕТАЛУРГ УТРЕ ЌЕ НАСТАПИ НА ТУРНИРОТ “ИСТРИА ХАНДБАЛ КУП“

21.08.2012 23:42
web_vijesti_IHC_presica

Металург во Новиград стигна околу 15.00 часот и се смести во хотел кој се наоѓа на само 200 метри од салата во која ќе се игра турнирот. Во составот на нашиот шампион ги нема Станиќ кој замина во Катар, Ракчевиќ кој се уште тренира во посебен режим и Козлина кој е во Словенија каде е подложен на соодветна терапија по повредата на коленото.

Od 18 do 19.30 часот, Металург го одржа и својот попладневен тренинг.

Утре е првиот натпреварувачки ден во кој Металург ќе се сретне со екипата на Горење Велење, во 20.00 часот.

Покрај Металург, на турнирот учествуваат и екипите на КО Загреб, Горење Велење и селекцијата на Н.Р.Кина.

Еве го распоредот и сатницата на турнирот:

22 август:

18.00 Загреб – Н.Р.Кина

20.00 Горење Велење – Металург

23 август:

18.00 Загреб – Металург

20.00 Н.Р.Кина – Горење Велење

24 август:

18.00 Металург – Н.Р.Кина

20.00 Загреб – Горење Велење

Прочитано 532 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 5