Металург утре ќе се бори за влез во групната фаза на ЕХФ-купот

23.11.2019 23:55
20191116_Gorenje_Metalurg_5953_resize

Ракометарите на Металург утре, во спортскиот центар „Јане Сандански“, во Скопје, ќе го пречекаат словенечкиот претставник Горење во реванш-мечот од 3-то коло од ЕХФ-купот. Нашите ракометари ќе имаат сериозна задача, бидејќи во натпреварот ќе влезат со негатива од пет гола, по поразот во првиот дуел на гостински терен со 19:24, во минатиот викенд.

Тренерот Зоран Кастратовиќ е оптимист и верува дека со максимално борбена и концентрирана игра Металург може да ја анулира негативата и да обезбеди пласман во групната фаза во ЕХФ-купот, каде што ќе настапат вкупно 16 екипи.

Пет гола се достижна разлика, која верувам дека со игра како во првото полувреме во Словенија можеме да ја анулираме и да обезбедиме пласман во следната фаза. Мораме да бидеме поконцентрирани во нападот, да нема избрзани и неизградени шутеви како што имавме во првиот меч, со кои им овозможивме користење на нивното најсилно оружје, контрата и транзицијата. Исто така, важна ќе биде и играта во одбрана, со која ќе треба да го запреме моторот на нивниот напад Алекс Кавчич и да не дозволиме игра на линијата од шест метри“, рече Кастратовиќ.

Средбата се игра утре, со почеток во 18 часот.

Влезот е слободен, па тоа е добра можност за навивачите на Металург и за љубителите на ракометот да дојдат во голем број и да му дадат поддршка на Металург, која ќе му биде навистина потребна.

Прочитано 258 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 2 =