Металург утре на мегдан со Струга

07.05.2021 20:07
DAR_5744_resize

По кратката пауза, поради квалификациските натпревари на репрезентацијата, утре продолжува првенството на Македонија.

Ќе се игра деветото коло во Суперлигата, а во неговите рамки Металург во Автокоманда ќе се сретне со тимот на Струга. Во првиот дел Струга успеа да направи изненадување и да му откине два бода на Металург, па утрешната средба е шанса на нашиот тим да возврати и да освои нови три бода.

Средбата ќе се одигра со почеток во 16 часот, а ќе ја судат Димитар и Дејан Георгиевски, додека делегат ќе биде Русе Наумовски, сите од Скопје.

Ден подоцна, в недела, својот натпревар ќе го одигра и Металург РА. Ќе се игра средба од деветото коло од плејофот на Првата лига, а противник ќе ни биде тимот на МРК Куманово. Овој натпревар ќе се одигра во салата на СОУ “Перо Наков“ во Куманово, со почеток во 12 часот. Ќе го судат Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје, додека делегат ќе биде Александар Атанасовски од Куманово.

Прочитано 79 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 1