Металург утре на мегдан со Железничар од Ниш

26.02.2019 23:50
MJI_2336_resize_resize

Утре, со почеток во 17 часот, Металург и гостува на екипата на Железничар од Ниш, во рамките на 15. коло на СЕХА-лигата.

Двете екипи во досегашниот тек на првенството оствариле ист резултат – имаат по три победи и по еден нерешен натпревар и освоени по десет бода.

Утрешниот натпревар е можност на Металург да се реваншира за поразот во Скопје, каде Железничар не совлада со резултат 29:30 (13:16).

Ракометарите на Металург кон Ниш ќе тргнат утре, околу 9 часот наутро.

.

По овој натпревар, Металург во СЕХА-лигата ќе има да одигра уште само две средби:

06.03.2019 г.:  Татран Прешов – Металург

12.03.2019 г.:  Металург – Војводина

Прочитано 176 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 3