Металург утре патува за Романија

20.02.2019 13:30
MJI_3531_resize_resize

По долгата пауза, Металург задутре ќе одигра натпревар во СЕХА-лигата. Играме со екипата на Стеауа Букурешт, а овој натпревар е закажан на 22 февруари, со почеток во 18.15 часот по локално, односно во 17.15 часот по македонско време.

Металург утре наутро патува со редовната линија за Истанбул, а од таму ќе продолжи за Букурешт, каде ќе пристигне во 20 часот.

До крајот на февруари Металург ќе одигра уште еден напревар во ова регионално натпреварување. Имено, на 27 февруари и гостуваме и на екипата на Железничар Ниш.

Последните две средби од тековната сезона во СЕХА-лигата ќе ги одиграме на почетокот на месец март. На 6. март му гостуваме на Татран Прешов, а сезоната ќе ја заокружиме со домашниот натпревар против Војводина, на 12 март.

Прочитано 249 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 4 =