МЕТАЛУРГ УТРЕ ТРГНУВА ПО НОВО УЧЕСТВО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

06.09.2012 17:17
Skjermbilde-2012-09-04-kl.-22.37.50

Настапи моментот на вистината. За десетина часа Металург ќе тргне на пат кон Норвешка. Долгоочекуваниот квалификациски турнир, од кој секој по малку стравува, почнува во сабота, со нашата полуфинална пресметка со шампионот на Австрија, Алпла Хард. Сите во Металург се свесни за значењето на двата натпревари во Норвешка и огромна е нашата желба со успех да ја поминиме последната пречка пред Лигата на шампиони. Четири екипи, четири желби, но само една ќе се пласира во групната фаза на најквалитетната лига во светот. Металург, според квалитетот и искуството, е фаворит на турнирот. Меѓутоа, квалификациските турнири секогаш се посебни и не секогаш победува најдобриот. Од ваквите турнири носиме пријатни, но и непријатни искуства. Пред две години доживеавме неуспех во Порто, лани бевме најдобри во Израел.

Металург на пат ќе тргне утре, во 4.30 часот наутро. Релацијата е Скопје-Виена, а потоа Виена-Осло. Во Осло се очекува да пристигне околу пладне. Нашата екипа ќе биде сместена во хотелот “Скандик КНА“ во Осло.

Натпреварите ќе се играат во Рикин, мало населено место што е предградие на норвешкиот главен град. Салата во која ќе се играат мечевите го носи името на населеното место и се вика “Рикинхален“.

Во сабота, со почеток во 14 часот, е нашиот полуфинален натпревар. Сите со нетрпение ќе ги очекуваме добрите вести од Норвешка.

На ракометарите на Металург им посакуваме успех со кој ќе ја израдуваат македонската јавност.

——————————————————————————————————————-

На мапата со стрелка е означена местоположбата на салата “Рикинхален“.

Прочитано 731 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 3 =