МЕТАЛУРГ УТРЕ ЗАМИНУВА ЗА БРЕСТ

31.01.2013 20:51
metalurg2011_resize_resize

Утре наутро, со истиот авион со кој патуваат и девојките од ЖРК Металург, Металург заминува за Брест, каде што в недела игра натпревар од распоредот на СЕХА-лига, против екипата на Брест Мешков.

Металург го чека долг пат, бидејќи, покрај летот на релација Скопје – Загреб – Минск, мора да користи и автобуски превоз до Брест (околу 350 км).

В понеделник, екипата се враќа по истата релација до Загреб, а оттаму со автобус заминува за Крањска Гора, каде што ќе се подготвува за средбата со екипата на Горење, натпревар од осмото коло на Лигата на шампионите. Во Скопје се враќа в недела, 10 февруари.

Фото:

Прочитано 974 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 3