МЕТАЛУРГ – ВАРДАР 25:22 (11:10)

11.12.2011 23:37
DSC03027_resize_resize

“МЕТАЛУРЗИТЕ“ КАКО ТАЈФУН.

Во 1981 година, Металург, фантастично стартуваше во 2 Сојузна лига Југ. По 7 одиграни кола, Металург, прокнижа 5 победи и само 2 порази. Во едно интервју, Никола Богдановски, запрашан за тајната на успехот, ќе каже:

Луѓето, не можат да се изначудат како тоа ние победуваме, затоа што никој не сака да и погледне на вистината во очи. Ние сме најспремната екипа во лигата. Сите наши победи се чисти како солза, извојувани со борбеност, фантастична упорност и огромно залагање на сите ракометари. Ние немаме ѕвезди, сите ракометари се со еднаква вредност. Прошлата недела, во Плевље, игравме без Чокрев, Томовски, Ефремовски и Проданов, а во тимот тоа не се осети.

Токму во 7 коло, Металург, во месното дерби ја совлада екипата на Вардар. Иако новајлии во лигата, ракометарите на Металург, покажаа дека не се случајно во самиот врв на табелата. Тогашниот тим на Вардар важеше како изразит фаворит не само во натпреварот со Металург, туку и во лигата воопшто. Меѓутоа, младиот, физички извонредно спремен, тим на Металург со ангажирана,  колективна игра и висок морал, го совлада искусниот противник со резултат 25:22  (11:10). Металург водеше во текот на целиот натпревар. Се што успеа да стори Вардар – е да израмни на 11:11.

Натпреварот се одигра во салата во Автокоманда, пред околу 1000 гледачи. Судеше Веровски од Охрид.

Металург настапи во следниот состав: Томовски 3, Деловски 5, Ниневски 4, Лудвиг 5, С. Јосифовски 2, Маневски, Проданов 1, Рајчевски, Велјановски, Ефремовски 2, Б.Јосифовски 3, Силјановски.       Седмерци 3/5.    Исклучувања: 4 минути.

Екипата на Вардар во состав: Чаволи, Русмир 7, Здравковски 4, Младенов 2, Магдинчев 1, Лозановски 3, Зиков, Копровски 1, Гиевски 2, Ивановски 2, Петровски.      Седмерци: 3/6.   Исклучувања:  6 минути.

Фото:

Прочитано 166 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 5