МЕТАЛУРГ ВЛЕГУВА ВО СЛЕДНА ФАЗА ОД ПОДГОТОВКИТЕ

01.08.2013 19:18
DAR_7061_resize

za tekst

Металург влегува во следна фаза од подготовките.

Утре наутро Металург заминува на висински подготовки во Златибор каде што ќе остане до 10 август. Во текот на осумдневниот престој ракометарите ќе продолжат со кондиционите и тактичките тренинзи. Екипата тренира по новата програма која треба дополнително да ја зголеми подвижноста на екипата, а со тоа и ефикасноста во нападот.

Заштитен знак на секоја успешна екипа е добрата и цврста одбрана, која се темели на брзи и промислени реакции, а Металург тоа го докажа изминатите две сезони. На подготовките за новата сезона најголем акцент во тренирањето ставаме на моторната и менталната брзина. Се надевам дека со новиот систем на тренинзи дополнително ќе ја зголемиме подвижноста на одбраната, а и ефикасноста на нападот, со брза реакција и реализација во секоја укажана шанса – вели Лино Червар.

Во Златибор не се планирани пријателски натпревари.

Таму ќе продолжиме да работиме со посилно темпо, за потоа турнирот во Струга да биде проверка на формата и уиграноста на екипата, бидејќи таму ќе имаме доста квалитетни противници. По завршувањето на турнирот ќе имаме уште малку време до двомечот со Пик Сегед во квалификациите за Лигата на шампионите, да доработиме на формата и на тактиката и евентуалните недостатоци во неа – рече Червар.

Турнирот во Струга почнува на 14 август, со средбата Металург – Струга. На 15 август играме со екипата на Брест Мешков, ден потоа со тимот на Версај, а на 17 август се натпреварите за пласман.

Металург на 28 август, во Скопје, го игра првиот натпревар од двомечот со унгарскиот вицешампион Пик Сегед за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Реваншот е на 1 септември во Сегед.

Прочитано 1.726 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 6 =