МЕТАЛУРГ ВЛЕЗЕ ВО 2 ЈУГОСЛОВЕНСКА ЛИГА

03.12.2011 23:56
DSC05520_resize_resize

Сезоната 1979/80, по многу нешта, е најдобра во постарата историја на Металург. Таа сезона ќе биде запаметена по невидената трка меѓу Металург и Пролет. Екипата на Пролет по првите 15 кола имаше исто толку победи. Металург по 15-тото коло имаше 13 победи и два порази, против Пролет и Пелистер, обата на гостински терен. Остануваа се на се три кола. Во 16-то коло, Металург го добива дербито со Пролет, поразувајки го со катастрофални 27:16. Во 17-коло и двете водечки екипи остварија победи, Металург против Влазними на гостински терен, Пролет против Приштина дома. Во последното коло Металург очекувано, дома, ја совлада екипата на Самодрежа. Во исто време, во Битола, Пелистер играше со Пролет. Поради огромната предност во дадените и примени голови, на Металург му одговарал било каков пораз на водечкиот Пролет. По тешка борба, и водство по првото полувреме со 11:12, екипата на Пролет, на крајот сепак е поразена со 27:23. Тимот на Пролет успеа, во само три кола, да го загуби првенството, а Металург, со 16 победи и два порази, го освои првото место во Меѓурепубличката-покраинска лига, и се пласира во 2 Југословенска лига.

Металург – Самодрежа 43:28 (20:12)

Металург: Томовски, Деловски 6, Ниневски 8, Чокрев 6, С.Јосифовски 6, Трајчевски 1, Проданов 5, Велјановски 3, Б.Јосифовски, Маневски, Лудвиг 7, Симјановски.

Самодрежа: Станковиќ, Мулаку 5, Садрија 7, Грѓалиу 8, Малоку 1, Меровци 3, Башоли 2, Млинаку 2.

Пелистер – Пролет 27:23 (11:12)

Пелистер: Стефановски 1, Јаневски 1, Јусуфов 10, Николовски, Кочанковски 1, Николиќ 1, Михајловски 2, Јовановски, Бегов 2, Карановски 3, Христовски 3, Кочевски.

Пролет: Доневски, Русмир 12, Сотировски 2, Огненовски 3, Атанасовски, Горковски, Здравковски 1, Илиќ 1, Груевски 2, Тотиќ 1, Јаневски, Коруновски.

Фото:

Прочитано 199 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 10