- Фотогалерија од средбата Металург – ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург убедлив против екипата на ПрилепОбјавено пред 7 months
- Металург го утврди датумот, терминот и местото на одигрување на средбата со Спачва во СкопјеОбјавено пред 7 months
- Фото: Металург го одржа својот вечерен тренинг на игралиштето кај “Женска“ плажаОбјавено пред 7 months
- Металург пристигна во Струга, сите тестови на нашите ракометари се негативниОбјавено пред 7 months
Металург во финалето на 4-та четврт-финална група во Купот на Македонија

Металург очекувано обезбеди пласман во финалето на својата четврт-финална група во Купот на Македонија. Предпладнево совладана е екипата на Борец, со резултат 33:24 (18:11).
Тоа беше интересен натпревар, рамноправен во првите десетина минути, до резултат 6:6, додека Металург не ја презеде иницијативата, која не ја испушти до крајот на средбата.
Сета работа беше завршена веќе во првото полувреме, кое го завршивме со недостижни 7 гола разлика, па вториот дел мина без многу потреси, бидејќи гостинската екипа немаше сили да се обиде да го нападне нашиот резултат.
Металург на овој натпревар употреби онолку сили, колку што беа потребни за убедлива победа.
Металург – Борец 33:24 (18:11)
Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров 1, Костески 2, Матиќ 2, Вујовиќ 1, Бувиниќ 3, Матијашиќ 2, Кузмановски 5, Јагуриновски 2, Кукоски, Талески 5, Пешевски 3, Палевски 5, Шаин 2 и Арсеновски. Седмерци: 0. Исклучувања: 4 минути.
Борец: Димовски, Трчков 6, Стојковски, Игнов 2, Лазаревски, Гинов 3, Петровски, Стојановски, Атанасовски 8, Органџиев, Јовчевски, Чичевалиев 1, А.Лазаровски, И.Лазаровски 4. Седмерци: 2/2. Исклучувања: 6 минути.
Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.
Делегат: Петров Благој од Скопје.