Металург во пријателски натпревар го надигра тимот на Бутел

24.08.2018 22:35
20180824_195443_resize

Металург, во склопот на подготовките за новата сезона, денеска одигра пријателски натпревар со новајлијата во македонската Суперлига, тимот на Бутел. Видовме интересна средба која заврши со убедлива победа на Металург, со резултат 27:19 (11:8).

Металург очекувано доминираше во најголемиот дел од овој натпревар. Всушност, рамноправни беа само првите десетина минута, пред ракометарите на Металург да ги “наместат нишаните“, па веќе во 14. минута водевме со 7:4, а во 18. минута и со 9:5. Првите 30 минути завршија со резултат 11:8.

Второто полувреме комплетно му припадна на Металург, кој во 36. минута поведе со 15:9, а максималните +8 првпат ги достигна во 44. минута, при резултат 19:11.

Ова е само втор натпревар за нашите ракометари пред почетокот на натпреварувачката сезона, по оној одигран во Струга во националниот Суперкуп.

.

Металург – Бутел  27:19 (11:8)

Стрелци за Металург: Токиќ 7, Арсеновски 4, Шилегов 4, Димитриоски 3, Кузмановски 2, Велковски 2, Серафимов 2, Јагањац 1, Стојановиќ 1 и Маџовски 1.

.

Фото:

Прочитано 652 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 3 =