Металург во првиот шешир за ждрепката за четврт-финалната фаза на Купот на Македонија

04.03.2020 00:06
DAR_3742_resize_resize

Актуелниот победник на Купот на Македонија, Металург, е сместен во првиот шешир за ждрепката за четврт-финалната фаза, заедно со Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид.

Изгледот на првите три шешири е скроен според моменталната положба на екипите на табелата во македонската Суперлига, додека во четвртиот шешир се сместија победниците на осминафиналните групи.

.

Изглед на шеширите:

Прв шешир: Вардар, Еурофарм Пелистер, Металург, Охрид

Втор шешир: Бутел Скопје, Пролет, Радовиш, Вардар Јуниор

Трет шешир: Еурофарм Пелистер 2, Металург 2, Струга, Работнички

Четврти шешир: Тиквеш, Вардар Неготино, КЛ7, Прилеп

Прочитано 245 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 1 =