Металург во Радовиш, Металург 2 во Охрид. Утре редовно коло во македонската Суперлига

05.11.2019 18:37
DAR_2034_resize

Утре се игра комплетното деветтото коло во македонската Суперлига. Двете екипи на Металург ќе се борат за бодови на гостински терен.

Металург ќе и гостува на екипата на Радовиш, која одлично игра на свој терен. Оваа средба е закажана со почеток во 18.30 часот во спортската сала “25 Мај“. Средбата ќе ја судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека делегат ќе биде Васил Чавдаров.

Металург 2, пак, ќе патува во Охрид, каде ќе игра со второпласираниот тим во лигата. Оваа средба ќе се игра во салата “Билјанини Извори“, со почеток во 18 часот. Средбата ќе ја судат Методија и Михајло Илиевски, додека делегат ќе биде Славчо Калановски.

.

Комплетен распоред на 9. коло:

16.30 ч.:  Вардар Јуниор – Пелистер

18.00 ч.:  Охрид – Металург 2

18.30 ч.:  Радовиш – Металург

18.30 ч.:  Струга – Тинекс Пролет

19.00 ч.:  Бутел Скопје – Работнички

Прочитано 123 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 6