МЕТАЛУРГ ВРЕДНО СЕ ПОДГОТВУВА ВО КРАЊСКА ГОРА (ФОТО)

06.02.2013 16:09
DSC_0070_resize_resize

Ракометарите на Металург од вчера се во Крањска Гора. Сместени се во хотелот “Гранд Присаник“, на две минути од салата за тренинг. По долгиот и заморен пат од Брест, кај нашите ракометари постепено се враќа доброто расположение и, од денес, тренираат во својот вообичаен ритам од два тренинга на ден. Денеска во Крањска Гора паѓа снег, а наносот веќе достигна половина метар. Металург овде ќе остане до петок, а потоа заминува за Велење. На екипата и се приклучија Ангелов, Батиновиќ и Златко Мојсоски, кои не беа во Брест, а допатуваа со возило од Скопје. Сите наши ракометари се добро.

Фотогалерија:

Прочитано 1.099 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 9 =