Металург загуби на гостувањето кај Бутел

26.05.2019 21:35
DSC0108_resize1

Металург ја загуби средбата од претпоследното коло. Подобри од нас беа ракометарите на Бутел, кои не совладаа со резултат 30:25 (9:12).

Металург во претходните кола ја обезбеди третата позиција во тековното првенство и на денешната средба нашите ракометари не успеаа да соберат доволно мотиви и да одиграат добар натпревар. За разлика од нас, ракометарите на Бутел беа максимално мотивирани, бидејќи само со победа го обезбедуваа четвртото место, потребно за настап во европските натпреварувања.

Првото полувреме почна со рамноправна борба и со повремени водства на двете екипи, но крајот на овој дел им припадна на нашите ракометари, кој во најдобро одиграниот дел од средбата поведоа со максимални 4 голови разлика, 8:12. Првото полувреме заврши со резултат 9:12.

За разлика од првото полувреме, во вториот дел одигравме многу бледо и со многу слабости во нападот и во одбраната. Нашата лоша игра ја искористи противникот, кој најпрво израмни а потоа и поведе, со резултат 15:14. Од тој момент, па се до крајот на средбата резултатската контрола беше во рацете на ракометарите на Бутел, кои сосема заслужено дојдоа до трите важни бодови и веќе во својата прва суперлигашка сезона обезбедија настап во европските натпреварувања.

На Металург до крајот на сезоната му преостана уште средбата со Вардар, која ќе се одигра во овој вторник.

.

РК Бутел Скопје – РК Металург  30:25 (9:12)

РК Бутел Скопје: Блажески, Панченко, Трајковски 2, Младеновски 2, Стојановски 1, Ѓеоргиевски, Божиновски 2, Димовски 2, Спасовски, Мојсоски 1, Николов, Печенковски 7, Давидовиќ 1, Григориев, Василевски 1, Мајиќ 11.   Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.

РК Металург: Дупјачанец, Даниловски, Томовски, Јагуриновски, Димитриоски 3, Токиќ 2, Шилегов 3, Танкоски 1, Серафимов 2, Младеновиќ 4, Шпенде 3, Пучник, Миличевиќ 3, Маџовски, Матијашиќ 2, Арсеновски 2.    Седмерци: 2/4, Исклучувања: 10 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 488 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 1