Металург загуби, но силно му се спротистави на петопласираниот тим во првенството на Франција

23.01.2019 22:17
50919588_548334425681102_570472953712476160_n_resize

Во продолжетокот на француската турнеја, Металург вечерва во Ним е поразен од истоимениот тим, со резултат 31:26 (21:13).

Металург, кој на оваа турнеја е без дури четворица стандардни ракометари, и кој во изминатите шест дена одигра дури четири натпревари со извонредно силни противници, вечерва е поразен од петопласираниот тим во француското првенство.

По завршувањето на турнирот “Мастерс Гренобл“, резултатот на трите пријателски средби е во втор план, зад желбата на тренерот Данило Брестовац да создаде максимално воигран тим во кој би се зголемил бројот на расположливи ракометари во ротација. Затоа и на денешната средба во игра учествуваа сите ракометари кои рамноправно го поделија времето.

Металург одигра многу подобар натпревар од синоќешниот меч со Екс ан Прованс и доживеа пораз од само пет голови разлика. Првото полувреме убедливо го доби домашниот состав, но во вториот дел Металург успеа да се врати во игра и постојано да заостанува 3 до 4 гола, за во 37 минута да се доближи и на само два гола, 24:22. На крајот на средбата веќе се почувствува замор кај нашите ракометари, па средбата ја загубивме со разлика од пет гола, односно второто полувреме го добивме со недоволни 10:13.

Најдобар кај Металург беше голманот Томовски со 14 одбрани, додека во нападот посебно се истакна Шилегов со седум голови.

До крајот на турнејата остана да се одигра уште само еден натпревар, кој се игра утре во Ст. Рафаел, со почеток во 17.30 часот.

Фото:

Прочитано 385 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 12