МЕТАЛУРГ ЗАКАЖУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

12.12.2013 15:28
lino

rk-metlurg-logo_final_resize

Почитувани,

Ракометниот клуб Металург ве информира дека на ден 13.12.2013 година (петок) ќе одржи прес-конференција по повод натпреварот во рамките на СЕХА Газпром лигата, меѓу екипите на Металург и на Загреб Кроациа Осигурување. Прес-конференцијата ќе се одржи  во конгресната сала на СЦ Борис Трајковски, со почеток во 12 часот.

Натпреварот ќе се одигра на 14.12.2013 година (сабота), со почеток во 17.45 часот, во СЦ Борис Трајковски Скопје.

И на овој натпревар влезот за сите наши навивачи со блок влезници за групна фаза од ЛШ ќе биде бесплатен. За сите останати влезницата за овој натпревар чини 100 денари.

Влезниците за натпреаварот Металург – Загреб КО се веќе во продажба на сите продажни места на „КупиКартиЗаСе“, во Скопје и низ Македонија, и онлајн на www.kupikartizase.com .

Благодариме на соработката.

Спортски поздрав,

Ракометен клуб Металург

Прочитано 340 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 9