МЕТАЛУРГ ЗАКАЖУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

02.10.2013 18:06
two-microphones-press-conference_header_resize

za tekst

Почитувани,

Ракометниот клуб Металург ве информира дека на ден 4.10.2013 година (петок) ќе одржи прес-конференција по повод претстојниот натпревар против екипата Нексе (Хрватска), во рамките на Гаспром регионалната лига. Прес-конференцијата ќе се одржи  во конгресната сала на СЦ “Борис Трајковски“, со почеток во 12 часот.

Натпреварот ќе се одигра на 5.10.2013 година (сабота), со почеток во 17.45 часот, во СЦ “Борис Трајковски Скопје“.

За натпреварите против екипите на Нексе (Хрватска) и на Партизан (Србија) пуштени се во продажба блок-влезници, кои важат за двата натпревари и се по единствена цена од 100 денари. Продажбата почна денес, 2.10.2013 година, во 12 часот на сите продажни места на „КупиКартиЗаСе“ и онлине на www.kupikartizase.com.

Благодариме на соработката.

Ракометен клуб Металург

Прочитано 747 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 9