Металург замина на подготовки во Пореч (Хрватска)

02.03.2016 11:53
12063844_1125754037449303_668215675518435668_n_resize

Ракометарите на Металург вчера, касно навечер, заминаа на подготовки во Пореч (Хрватска), каде ќе останат до 11 март.

Отпатуваа сите расположливи ракометари, а во Пореч треба да стигнат денеска околу пладне.

Екипата во Пореч ќе биде сместена во хотелот Дијамант, а ќе тренира во градската сала “Жатика“, во која се играше Светското ракометно првенство во 2009 година.

Во текот на подготовките, Металург ќе одигра и четири пријателски средби, со екипите на Изола од Словенија и со Умаг, Порец и Замет од Хрватска.

Првата средба се игра веќе в петок, а противник ќе биде екипата на Изола.

.

12063844_1125754037449303_6682156755518435668_n_resize

Camera

3f56d4caa20174500e9804b94cbd08c9_resize_resize

Прочитано 1.368 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 7