Mеталург замина за Истанбул

16.11.2018 10:37
46318001_784393118570118_12576716889946324992_n_resize

Со денешниот утрински лет, ракометарите на Металург заминаа за Истанбул од каде ќе продолжат до Измит, град на околу стотина километри од турскиот мегалополис. Во Измит, Металург утре ќе се сретне со екипата на Бешикташ, во рамките на осмото коло на групната фаза на Лигата на шампионите.

Средбата во Измит, која е наше претпоследно гостување во групната фаза, ќе се одигра утре, со почеток во 14 часот по македонско време.

Ова ќе биде втора средба меѓу Металург и Бешикташ во тековната сезона, а да потсетиме дека во Скопје славеше турскиот шампион, со резултат 22:30 (13:14).

.

Фото:

Прочитано 331 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 9 =