Металург замина за Русија

12.10.2018 12:50
DSC0120_resize

Ракометарите на Металург денеска рано изутрина заминаа за Бугарија, од каде во 15.40 часот ќе имаат лет за Москва. На московскиот аеродром Шереметјево нашите ракометари ќе слетаат во 18.30 часот, а од таму до Чехово ќе патуваат со автобус.

Утре, со почеток во 15 часот по македонско време, Металург ќе одигра средба со екипата на Чеховски Медведи, во рамките на петтото коло на групната фаза на Лигата на шампионите.

Средбата ќе се одигра во спортската сала “Олимпискиј“ во Чехово, која има капацитет од 3000 места.

Минатата сезона, Металург го совлада тимот на Чеховски Медведи во Чехово, со резултат 32:26 (15:15).

Прочитано 365 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 4