Металург запиша нова победа, совладан е Пелистер

13.03.2016 16:15
MJI_6913_resize

По подолга пауза во Автокоманда се одигра првенствен натпревар во ВИП Суперлигата. Во рамките на 15. коло ја совладавме екипата на битолски Пелистер, со резултат 29:23 (15:9).

Металург беше подобриот тим на оваа средба, која долго време изгледаше рамноправна, се до резултат 4:4, кога нашите ракометари направија серија од 5:0, за 9:4. Од тој момент, па се до крајот, контролата беше во рацете на Металург. Првото полувреме заврши со резултат 15:9.

Во второто полувреме гостинскиот состав се обиде да се доближи до нашиот резултат и успеа да намали од нашата разлика. Но, во последните десетина минути се се врати на состојбата од крајот на првото полувреме.

И по 15-ет одиграни кола, Металург го задржа 100-процентниот ефект и е лидер на табелата, со 45 освоени бода.

Металург – Пелистер  29:23 (15:9)

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров 3, Костески, Матиќ 1, Бувиниќ 5, Матијашиќ, Кузмановски 4, Јагуриновски, Крстевски, Талески 7, Велковски 4, Пешевски 2, Палевски 2, Шаин 1 и Арсеновски.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

Пелистер: Даниловски, Чантурија 3, Дрогришки 6, Маџовски 7, Тодоровски, Топиќ, Маркудов, Босеовски 1, Крстевски, Рајатовски, Митревски, Ивановски, Вељановски, Николиќ 2, Димитровски 4 и Петковски.   Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Металари Камер од Скопје.

Прочитано 1.116 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + 9 =