МЕТАЛУРЗИТЕ МАКСИМАЛНО АНГАЖИРАНИ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА ЗЛАТИБОР

07.08.2013 18:45
32_resize

za tekst

Ракометарите на Металург веќе седум дена работат со засилено темпо на висинските подготовки на Златибор (Србија), каде што постепено ја градат формата за претстојниот двомеч со екипата на унгарскиот вицепрвак Пик Сегед, кој дуел, пак, ќе го одлучи патникот во групата Ц во Лигата на шампиони (ЛШ).
Избраниците на тренерот на скопјани Лино Червар мотивирано тренираат и ги надградуваат физичката и психичката издржливост, која многу ќе им биде потребна во пресметката со Пик Сегед.

Подготовките се одвиваат според предвидениот план. На Златибор имаме извонредни услови за тренинг. Температурата на воздухот е идеална и ракометарите полесно ги поднесуваат тренинзите отколку во Скопје. Многу е значајно што сите ракометари се во одлична здравствена состојба, максимално посветено работат на сите планирани тренинзи, а со тоа од ден на ден ги надградуваат формата и победничкиот дух пред претстојната сезона – вели Александар Петровски, помошник-тренер на Лино Червар.

Висинските подготовки се исклучително корисни и значајни за спортистите. Планинскиот воздух многу полесно се апсорбира во мускулните станици, се зголемува капацитетот на градниот кош, се подобрува крвната слика, а со тоа и општата здравствена состојба на организмот, истакнуваат од таборот на скопјани.

– Имаме идеални услови за да ја реализираме предвидената програма за тренинг. Висинските подготовки од поодамна се дел од современата тренинг-програма и во голема мера помагаат да се подобри кондициската подготвеност на ракометарите. Тренирањето во услови на мало количество кислород во воздухот дава многу позитивни ефекти во физичката издржливост на спортистите, воопшто. Наутро работиме функционален фитнес, со кој ја зголемуваме и дооформуваме физичката сила, а исто така работиме на надградување на динамичката сила и издржливост – појаснува кондицискиот инструктор на металурзите.

„Сините“ од Автокоманда вредно работат на сите тренинзи и од ден на ден ја надградуваат својата играчка форма, но и победнички дух.

– Презадоволни сме од посветеноста на играчите на сите досегашни тренинзи, во кои се влегува максимално ангажирано. Особено радува агилноста на новите засилувања во клубот, но и од јуниорите, кои се неуморни и секогаш расположени за тренинг – констатира помошникот Петровски.
Ракометарите на Металург на Златибор ќе останат до сабота.

Автор: Тања Димитриоска

Фото:

Прочитано 2.315 пати

(3) Коментари

  1. Што се случува со фацата на Наумче на сликата?

  2. kako vi se vika kondicioniot trener?

Напишете коментар


1 + = 10