Микел Хансен е најдобар стрелец на СП во Германија и во Данска

27.01.2019 21:11
51454188_2047919801922953_2909805412070981632_n

Данска го освои златниот медал, а има и двајца ракометари во идеалниот тим. За да доминацијата биде тотална се погрижи Микел Хансен, кој стана МВП на првенството, но и најдобар стрелец.

Во топ-10 се најде и нашиот капитен Кире Лазаров, кој е сместен на шестата позиција, но тој одигра три средби помалку од Хансен. Лазаров со својот просек од 6,86 гола по натпревар би бил на второто место, веднаш по феноменалниот Данец, кој првенството го заврши со просек од 7, 20 гола по натпревар.

.

Топ 10:

01. Микел Хансен (Данска)  72

02. Магнус Јондал (Норвешка)  59

03. Феран Соле (Шпанија)  58

04. Уве Генсхајмер (Германија)  56

05. Сандер Сагосен (Норвешка)  51

06. Кире Лазаров (Македонија)  48

07. Јусеф Бенали (Катар)  46

07. Ервин Фојхтман (Чиле)  46

09. Расмус Лауге Шмидт (Данска)  44

09. Кентин Маје (Франција)  44

Прочитано 336 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 5 =