Милан Поповиќ го продолжи договорот со Металург

12.05.2020 17:53
DAR_0494_resize_resize

Црногорскиот репрезентативец Милан Поповиќ, кој игра на левокрилната позиција, ја продолжи соработката со Металург.

Поповиќ во Металург дојде минатата година од Пелистер, а оваа сезона до прекинот беше најдобар стрелец на Металург, со 81 постигнат гол во 17 одиграни кола во македонското првенство.

Поповиќ потпиша едногодишен договор и им се приклучи на Даниел Дупјачанец и на Милан Лазаревски, кои тоа го направија претходно.

Покрај Поповиќ, Дупјачанец и Лазаревски, кои ги продолжија завршените договори, Металург во меѓувреме се засили и со Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.

Раководството на Металург и во наредниот период ќе работи на засилување на екипата.

Прочитано 229 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 1 =