Топ Вести

Миличевиќ, Мијатовиќ и Маџовски се новите засилувања на Металург

06.08.2018 20:21
MJI_8682_resize

Металург новата сезона ќе ја започне во состав кој во добра мера се разликува од оној од лани. Клубот го напуштија пикерот Жарко Пешевски, левите крила Вања Илиќ и Давор Палевски, левиот бек Борјан Маџовски и десното крило Александар Гуглета.

Затоа, пак, ново име во Металург е хрватскиот пикер Адријан Миличевиќ (20), кој досега настапувал за Пореч, Карловац и ППД Загреб, и кој е прогласен за најдобар играч на последното кадетско ЕП. Миличевиќ со Металург потпиша двегодишен договор. Ново име во Металург е и српскиот голман Предраг Мијатовиќ (16), кој доаѓа од белградски Партизан и кој со нашиот клуб потпиша тригодишен договор. Повратници во Металург се десниот бек Томислав Јагуриновски, кој се врати од позајмица, левото крило Бојан Маџовски, кој склучи едногодишен договор со Металург, и рехабилитираниот централен бек Лука Стојановиќ, кој почна да го одработува својот двегодишен договор. Нови четиригодишни договори потпишаа талентираните Стефан Додиќ и Михајло Младеновиќ.

Ростерот се уште е отворен, па ќе видиме што ќе ни недостасува и таму каде што ќе има потреба ќе пополнуваме, најверојатно со некој странски играч. Сепак, тоа нема да го направиме по секоја цена, туку тоа ќе мора да биде млад и квалитетен играч на позиција каде што ќе ни треба. Сепак, прво ќе видиме како ќе течат работите и како ќе реагираат играчите на првите натпревари. Секој сам си ја крои судбината. Со моите соработници ќе настојуваме да донесеме правилна одлука, правилно да го селектираме тимот и да го подготвиме за сезоната што ни претстои“, вели шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац.

Прочитано 739 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 9