Мини-лигата на Академија Металург сезонава стартува со првиот турнир во регионот Исток

06.12.2018 13:30
190222217_DSC0001_resize-610x405

Закажан е првиот турнир од мини-лигата на Академија Металург за сезона 2018/19. Ќе се одигра на 23 декември во Кочани, како дел од натпреварувањето во регионот Исток.

Оваа сезона во регионот Исток ќе се натпреваруваат екипи од нашите школи во Кочани, Македонска Каменица, Крива Паланка, Берово, Виница и Пробиштип.

Децата ќе се натпреваруваат во следните старосни категории: 2004/5 (машки), 2006/7 (машки и женски) и 2008 и помали (машки и женски).

Како што кажавме, првиот турнир ќе се организира во Кочани, а организатор ќе биде Младинец од Кочани, нашата школа од овој град, која ја предводи тренерот Димитар Филипов.

.

Распоред:

10.00  Дедо Иљо Малешевски (Берово) – Весна Акумулатори (Пробиштип)    М.2006/7

10.40  РК Крива Паланка (К.Паланка) – Торо Спорт (Виница)   М.2006/7

11.20  Младинец (Кочани) – Астра Спорт (М.Каменица)   М.2006/7

12.00  Младинец (Кочани) – Торо Спорт (Виница)   М.2004/5

12.40  Дедо Иљо Малешевски (Берово) – Астра Спорт (М.Каменица)   Ж.2006/7

13.20  РК Крива Паланка (К.Паланка) – Младинец (Кочани)   Ж.2006/7

14.10  РК Крива Паланка 1 (К.Паланка) – Младинец (Кочани)    М.2008 и помали

14.40  РК Крива Паланка 2 (К.Паланка) – РК Крива Паланка 3 (К.Паланка)   М.2008 и помали

15.10  РК Крива Паланка 1 (К.Паланка) – РК Крива Паланка 2 (К.Паланка)   Ж.2008 и помали

Турнирот ќе заврши во 15.40 часот.

Прочитано 129 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 12