Минимален пораз на кадетите на Металург 2

24.11.2019 12:08
DAR_8233_resize

Во шестото коло на кадетската лига на Македонија, група 1, во Автокоманда се одигра натпревар меѓу кадетите на Металург 2 и на Бутел.

По голема борба и израмнета игра, победата им припадна на гостинските ракометари, кои славеа со резултат 30:31 (14:13).

Кадетите на Металург 2, кои се всушност пионерскиот тим на Металург, имаа хендикеп, бидејќи со овој ист состав вчера имаа тежок натпревар со екипата на КЛ-7 Лазаров во пионерската лига, натпревар кој убедливо го добија. Затоа, заморот во вториот дел од денешната средба беше евидентен и решавачки.

Во текот на сите 60 минути се водеше голема борба, со многу контакти и со дури 24 минути исклучувања, а победникот го решија нијанси.

Ова е трет пораз на нашите кадети, кои во следното коло ќе и гостуваат на водечката екипа на Вардар Јуниор.

.

РК Металург 2 – РК Бутел  30:31 (14:13)

РК Металург 2: Ангеловски, Субашевски 4, Петровиќ, Васевски, Грујевски, Гилев 5, Стојановски 6, Ангелески 7, Таневски, Димковски 4, Николовски 3, Талевски, Јазаџиев, Насевски 1, Георгиевски и Филиповски.     Седмерци: 7/8.    Исклучувања: 12 минути.

РК Бутел: Симјановски, Ангелов, Крстевски 1, Цоневски 1, Ангеловски, Бошковски 3, Јовановски 6, Д.Трајковски 5, К.Трајковски 3, Михајловиќ, Трајановски 10, Јовевски и Спасовски 2.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Локвенец Златко од Скопје.

Прочитано 340 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 2 =