- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 4 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 4 months
Минимален пораз на кадетите на Металург

Во дерби натпреварот од петтото коло на кадетското првенство на Македонија, група 2, се сретнаа двете досега непоразени екипи – РК КЛ-7 Лазаров и РК Металург. По голема и неизвесна борба, победата му припадна на домашниот тим кој ги совлада нашите кадети со резултат 25:24 (15:12).
Се чини дека решавачки за овој натпревар беше самиот почеток на средбата, кога нашиот противник поведе со резултат 4:0. Иако Металург се врати во игра, сепак моравме да ја бркаме негативата до самиот крај на средбата. Првото полувреме заврши со резултат 15:12.
Второто полувреме го добија нашите ракометари, но со недоволни 10:12, со што бодовите му припаднаа на тимот на РК КЛ-7 Лазаров.
Во следното коло и гостуваме на екипата на Аеродром, но оваа средба ќе се одигра во Автокоманда.
.
РК КЛ-7 Лазаров – РК Металург 25:24 (15:12)
РК КЛ-7 Лазаров: Трајков, Трајковски 9, Крстевски 3, Миленков 2, Николовски, Василев, Ермановски, Илиевски 3, Павлов 1, Димовски 6, Пасковски, Продановски, Јорданов 1 и Мирчевски. Седмерци: 4/4. Исклучувања: 10 минути.
РК Металург: Брестовац, Димевски, Андоновски 1, Крстев, Николовски, Стојчески, Ташевски, Вељановски 1, Петковски 3, Меловски 2, Николов 3, Шкријељ, Андревски 7, Стојковиќ, Тодески 5 и Мијатовиќ 2. Седмерци: 4/6. Исклучувања: 10 минути. Црвен картон: Шкријељ во 38. минута.
Судии: Ѓорги Василевски иИван Јовановски од Скопје.
Делегат: Златко Локвенец од Скопје.