Минимален пораз на Металург 2 во Струга

11.03.2020 22:20
DAR_6527_resize

Во претпоследното коло на македонската Суперлига, Металург 2 е минимално поразен во Струга.

Нашите млади ракометари загубија од Струга со резултат 23:24 (11:12).

Двете екипи одиграа исклучително рамноправен натпревар. Во првото полувреме двете екипи се менуваат во водството, но ниту една немаше поголема предност од еден гол. Овој период им припадна на ракометарите на Струга, кои на одмор заминаа со минимални 12:11.

Во вториот дел најпрво Струга успеа да стекне предност од три гола, 15:12, а потоа возврати и Металург 2, кој најпрво ја анулираше негативата, а потоа и поведе со 19:20.

Сепак, во драматична завршница победата и бодовите им припаднаа на ракометарите на Струга, откако претходно Металург 2 не го искористи нападот за израмнување.

.

РК Струга – РК Металург 2  24:23 (12:11)

РК Струга: Стојаноски, Маркоски, Кузманоски 4, Крстаноски 5, Белистојановски, Спасески, Јанкуловски 3, Стојаноски, Димитријески 1, Мечкароски, Рајатоски 3, Костоски, Симоноски 7, Трајкоски 1, Новаковиќ, Мекич.   Седмерци: 2/2. Исклучувања: 10 мин.

РК Металург 2: Михајлов, Фидановски, Трајковски, Мелоски 2, Кофилоски 4, Савковиќ, Шокоски 8, Ацевски, Митиќ 2, Таневски, Стоилевски 3, Прцуловски, Стојановиќ 4, Гајиќ, Додиќ, Ефтимов.    Седмерци: 0. Исклучувања: 6 мин.

Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 270 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 0