Минимален пораз на Металург против Војводина во Нови Сад

18.02.2020 21:09
86706847_184129759579340_6040638628697210880_n_resize

Металург во Стара Пазова ја одработува последната фаза од подготовките за новата сезона.

Во склопот на овие подготовки, нашите ракометари денеска во Нови Сад одиграа пријателски натпревар со екипата на Војводина.

По голема борба, победата и припадна на домашната екипа, која не совлада со минимални 33:32 (14:19).

Металург денеска одигра две различни полувремиња. Во првиот дел прикажавме одлична игра во која го надигравме противникот. Металург имаше постојана предност, а полувремето го завршивме со предност од пет голови, 14:19.

За жал, во второто полувреме го расипавме впечатокот ј ја загубивме средбата.

РК Војводима – РК Металург  33:32 (14:19)

На 20 февруари ќе ја одиграме и втората пријателска средба, во Нашице против екипата на Нексе.

.

Фото:

Прочитано 343 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 5 =