Минимален пораз на младинците на Металург

31.10.2018 11:28
DSC0073_resize3

Во третото коло на младинското првенство на Македонија, група 1, младинците на Металург се минимално поразени од тимот на Работнички. Нашите младинци загубија со резултат 30:29 (13:13).

Видовме исклучително рамноправен натпревар во кој малку повеќе среќа имаа ракометарите на Работнички.

Првото полувреме мина во голема борба, но и со осцилации кај двата тима. Работнички подобро го отвори натпреварот и многу брзо стекна убедлива предност, 5:1. Потоа се разигра Металург и најпрво врати со иста серија од 5:1, а потоа и самиот стекна убедлива разлика од четири гола, 7:11. Првото полувреме заврши со израмнети 13:13.

Во првите десетина минути од вториот дел екипите наизменично се менуваа во водството, но потоа Металург влезе во криза и дозволи противникот да дојде до максималните +7, 28:21. Оваа разлика како да ги разбуди нашите ракометари, кои направија серија од 6:0 и повторно се вратија во игра. Се до крајот на средбата беше неизвесно, а во последната минута екипите влегоа со израмнети 29:29. Сепак, Работнички постигна гол и го доби натпреварот со минимални 30:29.

На оваа средба видовме и двобој на двајца стрелци, Милошески од Работнички и Андревски од Металург. Првиот постигна 13, а вториот 12 голови.

.

Работнички – Металург  30:29 (13:13)

Работнички: Куртановиќ, Игнов 5, Кочаров 2, Милошески 13, Давитков, Мисалиески 4, Благопетров 4, Мишоски, Димов 1, Стојковски 1 и Вукојчиќ.    Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 6 минути.

Металург: Ацевски, Абдулкарим, Крстев, Дуноски, Миладиноски, Донев 3, Блажевски 2, Петровски 5, Јорданов, Вељановски 2, Василев, Брестовац, Мелоски 4, Николов 1, Стојковиќ и Андревски 12.     Седмерци: 3/7.   Исклучувања: 12 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Локвенец Златко од Скопје.

Прочитано 294 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 1 =