Минимална победа на младинците на Металург

21.10.2018 20:58
_DSC0099_resize

Во Автокоманда денеска се одигра средбата од второто коло на младинското првенство на Македонија, група 1. Противник на екипата на Металург беше младинскиот тим на Пелистер.

Видовме исклучително интересен натпревар, со две дијаметрално различни полувремиња. Првото убедливо им припадна на гостите, а второто нам. Сепак, победата и бодовите им припаднаа на младинците на Металург, кои славеа со минимални 30:29 (15:19).

Освен кратко на почетокот, првото полувреме заслужено им припадна на ракометарите на Пелистер, кои стекнаа сериозна предност, во еден момент и од цели шест гола, 6:12. Првото полувреме заврши со резултат 15:19. И првата половина од вториот дел мина со предност на гостинскиот тим, но така беше се до 44. минута кога Металург конечно го прекрши резултатот и поведе со 23:22. Сигурната и ефикасна игра на нашиот тим продолжи и во наредните минути, па на пет минути до крајот поведовме со максимални четири гола, 27:23. Пелистер се обиде да се врати во игра, но успеа само да намали од негативата. Конечниот резултат е 30:29 во наша полза, па Металург стигна до првата победа и првите три бода.

.

РК Металург – РК Пелистер  30:29 (15:19)

РК Металург: Ацевски, Димевски 7, Фидановски, Дуноски, Миндошев 10, Стојчески, Абдулкарим, Петровски 3, Јорданов 2, Вељановски, Митковски, Брестовац, Мелоски 4, Николов 3, Стојковиќ и Андревски 1.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 2 минути.

РК Пелистер: Буторач 6, Стевановски 4, Митрески, Илев 3, Ф.Вардовски, Мирчевски, Магденоски, Илиевски 9, О.Вардовски 1, Ставревски, Ристовски, Петковски 6 и Андреевски.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Василевски Ѓорги од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 214 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 4