Миркуловски: Ова чудо не смее да остане како само добра епизода

11.03.2021 23:13
IMG_20210311_204226

Повратникот во националниот тим, Филип Миркуловски, беше еден од нашите најдобри ракометари во победата против светскиот и олимписки шампион. Постигна три гола и обезбеди четири седмерци, по фаулите направени врз него.

Своето задоволство Жути го изрази на социјалните мрежи, каде напиша:

Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште по посветено за Македонија“.

Можност за нов блесок, Миркуловски и другите играчи од националниот тим ќе имаат веќе в недела, кога повторно ќе се сретнеме со Данска, но овој пат на теренот на противникот.

Прочитано 479 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 5 =