МИСЛЕЈЌИ НА КИЕЛЦЕ, МЕТАЛУРГ ГО РАЗБИ ИЗВИЃАЧ.

20.11.2012 23:19
DSC_0109_resize_resize

По двата пораза, против Вардар ПРО и Киелце, може да се каже дека средбата со Извиѓач дојде точно навреме. Извиѓач е сосема солидна екипа, меѓутоа без шанси против Металург, особено во “Автокоманда“. Овој натпревар добредојде за одржување на натпреварувачката напнатост кај екипата и како можност да се пробаат уште некои варијанти пред реваншот во Полска. Металург играше со Извиѓач, но со мислите беше на мечот против Киелце.
И покрај се, натпреварот почна малку поинаку. Извиѓач поведе со головите на Буљубашиќ и на Видовиќ, а Металург првпат врати дури во 6. минута преку Батиновиќ. Три минути подоцна, во 9. минута, во водство прејде Металург, со 3:2, но беа потребни уште 11 минути за да создадеме поопиплива предност, 8:5. Отпорот на гостите беше скршен во последните пет минути од првото полувреме, кога, со головите на Вугринец (3), Манасков и на Миркуловски, направивме серија од 5:0 и го завршивме првиот дел со предност од седум голови, 14:7.

DSC_0062_resize_resize

Во вториот дел Червар ги повлече од игра Ракчевиќ и Миркуловски, а подоцна и Вугринец, Георгиевски и Манасков, но тоа не се одрази на резултатот. Во самиот почеток на вториот дел, Георгиевски серијата од 5:0 ја зголеми на 6:0, а потоа екипите наизменично постигнуваа голови се до средината на второто полувреме. Својата шанса ја искористија Наумовски и Левов, кои постигнаа по три гола, и Додер, кој беше стрелец на два. На крајот извојувавме убедлива победа, со резултат 28:18.

Задоволството од победата го расипа повредата на Козлина, кој при крајот на првиот дел го повреди коленото и кој го напушти теренот со помош на двајца наши ракометари. Тежината на повредата ќе ја определат снимките што ќе бидат направени денеска.

РК Металург – Извиѓач   28:18 (14:7)

РК Металург: Станиќ (9 одбрани), Ангелов ( 5 одбрани), Ракчевиќ, Левов 3, Вугринец 6, Наумовски 3, Георгиевски 2, Козлина, Манасков 5, Миркуловски 3, Маркоски, З.Мојсоски 1, Додер 2, Батиновиќ 3, Јоновски и Алушовски.    Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 4 минути.

Извиѓач: Б.Буриќ (10 одбрани), Параџиќ, Коловрат, Буљубашиќ 1, Зелиќ 4, Бошњак, Херцег 2, С.Буриќ 5, Видовиќ 3, Борас, Шарац, Ереш 3, Нижиќ и Матага.   Седмерци: 0.      Исклучувања. 4 минути.

Судии: Митровиќ и Вешовиќ од Црна Гора.

Делегат: Павичевиќ од Црна Гора.

Фотогалерија:

Прочитано 981 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 14