Млади екипи на Металург ќе настапат на 4-от Меѓународен турнир за млади “Повеќе од игра“

20.07.2019 18:23
65897292_1072047639667978_4125369547265933312_n

Млади екипи на Металург, во генерации У17 (2002/03) и У15 (2004/05), ќе настапат на четвртото издание на Меѓународниот ракометен турнир за млади “Повеќе од игра“, што во Сараево ќе се игра во период од 30 август до 1 септември.

Овој турнир секоја година добива во бројноста и во квалитет, а промотори се легендарните ракометари Ивано Балиќ, Есад Куртагиќ, Енид Тахировиќ и Јасмин Мркоња.

Натпреварите ќе се играат во две сали – легендарната “Скендерија“ и во “Рамиз Салчин“, домот на ракометниот клуб Босна.

.

Пионерите на Металург се шампиони на Македонија за оваа година. Тоа што ќе се препознае како квалитет, заслужува да се награди, надгради и поттикне. Нивните постари соиграчи, генерација 2002/03 имаа одлична сезона и верувам дека тие се следните шампиони на Македонија во сезоната што доаѓа. Затоа одлучивме да им овозможиме учество на престижен турнир во Сараево, за кој сметаме дека ќе биде од голема важност и голем плус за нивните кариери“, изјави Зорица Блажевска, претседателката на РК Металург.

.

Учесници:

У17 (2002/03):

Група “А“: Репрезентација на градот Сараево (БиХ), РК Металург, РК Добова (Словенија) и РК Балиќ-Метличиќ (Хрватска).

Група “Б“:  РК Замет (Хрватска), РК Црвена Звезда (Србија), РК Дол ТКИ (Словенија) и Динамо Букурешт (Романија).

У15 (2004/05):

Група “А“:  Репрезентација на градот Сараево (БиХ), РК Црвена Звезда (Србија), РК Добова (Словенија) и Динамо Букурешт (Романија).

Група “Б“:  РК Пик Сегед (Унгарија), РК Металург, РК Дол ТКИ (Словенија) и РК Балиќ-Метличиќ (Хрватска).

Прочитано 86 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 8