Младинците на ГРК Борец катастрофално се поразени во Автокоманда

05.03.2019 01:22
DSC_0075_resize

Во Автокоманда се одигра натпревар од 12. коло на младинската ракометна лига, група 2, во кој Металург 2 му нанесе катастрофален пораз на ГРК Борец.

Теренот во Автокоманда уште еднаш покажа дека е “врел“ за противничките екипи, а ГРК Борец е само уште еден тим што од овде си замина со над 40 примени голови.

На почетокот на средбата Борец се закани и во неколку наврати имаше и минимална предност. Но, тоа кратко траеше, а потоа работите си дојдоа на своето место. Веќе по првите 30 минути имавме позитива од огромни 12 гола, која на крајот се искачи и на +24.

Овој натпревар дојде само еден ден по тешката средба на Металург 2 со Јуниор Кисела Вода во плеј-офот на Првата лига, каде Металург се натпреварува безмалку со истиот состав, па веројатно тоа го спаси гостинскиот тим од уште поголема катастрофа.

До крајот на регуларниот дел остануваат уште само две кола во кој Металург 2 ќе игра со екипите на Еурофарм Работник и со Прилеп, екипи од дното на табелата, а веќе од поодамна е извесно дека крајот ќе го дочекаме на првото место.

.

РК Металург 2 – ГРК  Борец  43:19 (19:7)

РК Металург 2: Божиновски, Михајлов 4, Кондев 1, Попов 4, Кофилоски 9, Митиќ, Лембанов 1, Ристовски 10, Л.Додиќ 5, Гогов 4, Тодевски 4, Гајиќ 1 и Мијатовиќ.     Седмерци: 2/2.    Исклучувања:  6 минути.

ГРК Борец: Андовски, Митушев, Стојанов 7, Атанасовски 2, Димески 6, Ристовски, Ристов 3, Мартинов, Митревски, Кузмановски, Мазнев и Белчовски  1.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања:  4 минути.

Судии: Здравковска Адријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

 

Прочитано 353 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 6 =