Младинците на Металург 2 го “прегазија“ Радовиш

17.04.2018 21:16
_DSC0045_resize

Во претпоследното, деветто, коло од младинската лига, група 2, младинците на Металург 2 вечерва катастрофално го поразија тимот на Радовиш. Нашите младинци победија со резултат 40:21 (20:9) и комплетно се реваншираа за поразот во Радовиш во есенската полусезона, каде загубија со резултат 27:24 (12:11).

Вечерва нашите младинци беа максимално мотивирани и доминантни, со апсолутна контрола врз играта и резултатот во текот на сите 60 минути. Средбата беше решена уште во почетната фаза, откако поведовме со недостижни 10:4. Оваа разлика до крајот на првото полувреме порасна до +11.

Слично се играше и во вториот дел, кој го добивме со резултат 20:11.

Со оваа победа нашите младинци обезбедија настап во фајналфорот на младинското првенство на Македонија.

.

РК Металург 2 – Радовиш  40:21 (20:9)

РК Металург 2: Петковски, Василевски, Богдановски, Митиќ 2, Смилевски 2, Костески 5, Младеновиќ 9, Кофиловски 1, Л.Додиќ 1, Гошевски 4, Кондев 8, Лембанов, Ристовски 2, С.Додиќ 2, Трајковски 2 и Божиновски 2.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 6 минути.

Радовиш: Аваланџиски, Митев, Постолов 4, Б.Јованов 4, Х.Георгиев 1, Г.Јованов, Тасевски, Ј.Георгиев 2, Петров, Трајанов 5, Томов 1, Ристов 4, Димов и Горичев.   Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 200 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 3 =