Младинците на Металург 2 го “прегазија“ Вардар во Кале

23.04.2016 00:49
AND_6729_resize

Во натпревар од 12-то коло на младинската лига, нашите младинци катастрофално го поразија Вардар на негов терен. Металург 2 извојува победа со резултат 34:21 (14:7).

Средбата мина во апсолутна доминација на нашиот тим, кој почна со серија од 3:0, а заврши со 13-ет гола разлика. На домашниот тим не му дадовме шанса дури и да го израмни резултатот во било кој дел од средбата.

Победата беше извојувана уште во првото полувреме, а во вториот дел само потврдивме дека сме поквалитетна екипа.

Вардар – Металург 2  21:34 (7:14)

Металург 2: Доневски 1, Петрески 4, Шулевски 2, Гроздановски 5, Бошковски 2, Димитриоски 8, Стојменов 2, Шилегов 1, Петковски, Лембанов 1, Смилевски, Блажевски, Митревски 1, Лазаревски 3, Беќаровски и Гошевски 4.   Седмерци: 1/3.     Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 720 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 4