Младинците на Металург 2 го претрпеа првиот пораз

08.12.2019 22:34
DAR_7844_resize

Во дерби натпреварот на седмото коло на младинската лига, група 1, во Охрид се сретнаа двете досега непоразени екипи, Охрид и Металург 2. По голема борба, победата и бодовите им припаднаа на ракометарите на Охрид, кои славеа со резултат 29:27 (17:15).

Младинците на Металург 2 многу подобро ја започнаа средбата и водеа во најголем дел на првото полувреме, најчесто со 2 до 3 гола. Решавачка за првото полувреме, а и за целиот натпревар, беше завршницата на првите 30 минути во која домашните ракометари направија серија од 6:0 и од 10:13 стигнаа до 16:13. Првото полувреме заврши со резултат 17:15.

Во второто полувреме се водеше голема борба. Металург во повеќе наврати успеваше да израмни, но не и да поведе. На крајот, славеа ракометарите на Охрид.

Ова е прв пораз на младинците на Металург 2, кои имаат и шест победи. Во пролетниот дел на првенството Охрид ќе гостува во Автокоманда, па тоа ќе биде одлична можност за реванш.

.

ГРК Охрид – РК Металург 2  29:27 (17:15)

ГРК Охрид: Тутенкоски, Јанески, Ристески, Наумоски, Костов 8, Максимоски, Димитриески 2, Попоски, Мих.Иваноски 3, Буџакоски, Палоски, Петрески, Мар.Ивановски 6, Ристески 6 и Нацев 4.    Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 10 минути.

РК Металург: Божиновски, Василевски, Михајлов 3, Фидановски 1, Мелоски 9, Кофилоски 6, Митиќ 4, Мирчески, Попов, Ристовски 2, Гајиќ 2, Додиќ и Ефтимов.     Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 16 минути.

Судии: Наум Танески од Струга и Пеце Стефановски од Охрид.

Делегат: Славчо Ристески од Охрид.

Прочитано 434 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 11