Младинците на Металург 2 “го средија“ Пелистер

15.10.2019 22:56
DAR_5682_resize

Во Автокоманда вечерва се одигра одложениот натпревар од првото коло на младинската лига, група 1. Се сретнаа младинските екипи на Металург 2 и на Пелистер, а средбата заврши со катастрофален пораз на гостинскиот тим, 37:20 (19:14).

Гостите се држеа во еден дел од првото полувреме, но разликата во квалитетот го даде своето, па уште по првите 30 минути Металург 2 стекна предност од 5 гола.

Во вториот дел дојде до целосен слом во играта на Пелистер. Ракометарите на Металург беа незадржливи во своите напади, па конечната разлика се искачи на цели 17 гола.

Во следното коло во Автокоманда ќе гостува младинската екипа на Вардар Јуниор.

.

РК Металург 2 – РК Пелистер  37:20 (19:14)

РК Металург 2: Ацевски, Василевски, Божиновски, Михајлов 1, Фидановски 3, Мелоски 3, Кофилоски 5, Савковиќ 4, Митиќ 8, Попов 2, Ристовски 5, Георгиевски 1, Танев 1, Гајиќ 2, Додиќ 1 и Ефтимов 1.   Седмерци: 5/5.  Исклучувања: 8 мин.

РК Пелистер: Митровски, Буторац 3, Стевановски, Илиев3, О.Вардовски, Митревски 7, Петковски 3, Илиевски, Ф.Вардовски 4 и Андреевски.   Седмерци: 0/1.  Исклучувања: 2 мин.

Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Цветомир Јованоски од Скопје.

Прочитано 443 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 8