Младинците на Металург 2 групната фаза ја завршија на првото место

18.03.2019 22:13
DSC0082_resize3

Заврши групната фаза и за младинците на Металург 2. Денеска тие гостуваа во Прилеп, каде го одиграа натпреварот од последното коло, кој заврши со резултат 30:30 (14:13).

Овој натпревар немаше апсолутно никакво натпреварувачко значење, со оглед на фактот дека нашите ракометари првото место го обезбедија уште пред две кола.

Овој натпревар Металург 2 го одигра со состав во кој недостасуваа неколку стандардни првотимци, кои добија поштеда по тешката средба што Металург 2 ја одигра вчера против екипата на Македонија Ѓ.П. во плеј-офот на Првата лига.

Металург 2 групната фаза ја заврши со 12 победи и со две нерешени средби. Постигнавме најмногу голови, 505, а примивме најмалку голови во групата, 343, и остваривме убедливо најголема гол-разлика, +162.

По кратката пауза ќе настапиме на младинскиот фајнал-фор, каде со сигурност ќе имаме улога на еден од главните фаворити за титулата.

Прочитано 314 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 1 =