Младинците на Металург 2 и натаму се непобедливи – падна и тимот на Бутел

27.02.2019 20:57
DSC0002_resize

Во 11. коло на младинското првенство на Македонија, група 2, младинците на Металург 2 се вратија со победа од тешкото гостување кај четвртопласираниот тим на РК Бутел. Нашите младинци победија со убедливи 41:30 (22:17).

Немаше неизвесност на оваа средба, бидејќи нашите ракометари водеа во текот на сите 60 минити, иако на овој натпревар настапија без двајца клучни играчи – пикерот Андреј Митиќ и левиот бек Михајло Младеновиќ. Рано поведовме со 4:1, а првото полувреме го завршивме со предност од 5 гола, 22:17.

Второто полувреме не смени ништо. Металург 2 продолжи со офанзивата кон противничкиот гол, а разликата постепено се искачи до конечните +11.

До крајот на групната фаза остануваат уште само три натпревари. Двапати играме дома, со екипите на Борец и на Еурофарм Работник, а еднаш гостуваме – кај екипата на Прилеп. Во секој случај, крајот на групната фаза ќе го дочекаме на челната позиција.

Прочитано 253 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 4 =