Младинците на Металург 2 ја запишаа и шестата победа

01.12.2019 16:54
DAR_9640_resize

Во рамките на шестото коло на младинската лига, група 1, младинците на Металург 2 во Автокоманда ја совладаа екипата на Радовиш, со убедливи 33:12 (16:7).

Средбата очекувано мина во апсолутна доминација на нашите ракометари, очекувано бидејќи се сретнаа првата и последната екипи во групата.

Металург од самиот старт поведе со резултат 5:0 и уште тогаш најави дека ќе атакува на убедлива победа и на трите бода. До крајот на првиот дел успеавме разликата да ја качиме на девет гола, 16:7. Во вториот дел се повтори играта од првиот. Металург најчесто ги користеше брзите контри, а разликата постојано растеше, се до максималните +21, со кои и заврши оваа средба.

По шест одиграни кола, Металург 2 е закотвен на врвот, со максимални 18 бодови, а вистински предизвик ќе биде средбата од следното коло во кое и гостуваме на екипата на Охрид, која исто така има максимален резултат.

.

Металург 2 – Радовиш  33:12 (16:7)

Металург 2: Божиновски, Василевски, Ацевски, Михајлов 5, Фидановски 3, Мелоски 5, Кофилоски 1, Митиќ 3, Мирчески 6, Попов 1, Ристовски 2, Георгиевски 3, Гајиќ 2, Додиќ и Ефтимов 2.     Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 8 минути.

Радовиш: Митев 5, Тасевски, Ристов, Ѓоргиевски, Трајков, Петров, Горичев, Караманов, Јанков 2, Станчовски, Јованов, Јанковиќ, Ситновски 3, Арабаџиев и Костадинов 2.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 0 минути.

Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ од Скопје.

Делегат: Цветомир Јовановски од Скопје.

Прочитано 235 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 8